After Midnight

Што Ви откриваат неговите секс потези

Неговото однесување во креветот открива многу за неговите карактеристики и очекувања…

Потег: Во текот на предиграта сака да знае дали тоа ви одговара.
Што значи тоа : Сака да ве задоволи. Секс со маж кој прашува за време на предиграта значи дека со време тој ќе станува само подобар љубовџија. Тој сигурно ќе се потруди Вие да бидете задоволни.

Потег: Неговите бакнежи и „оралната обработка“ се некако нежни – Вие сакате страст!!!
Што значи тоа: Малку е нервозен и несигурен како треба да ви пристапи. Не е во прашање недостаток на заинтересираност, тој само пробува да биде џентлмен па се труди да биде нежен.

Потег: „Испалува“ неочекувано барање
Што значи тоа: Тој е доволно опуштен со вас и може да ви се довери што го „пали“. Но внимавајте ако прерано настапи со своето барање, најверојатно тоа му е многу важно… и ќе сака секогаш да го повторувате.

Потег: додека водите љубов ве гледа во очи
Што значи тоа: Навистина му се допаѓате. Кога во текот на сексот мажот ве гледа во очи, макар и неколку секунди, тоа е најголемиот знак дека сака многу повеќе од чисто физичка врска.

Напиши коментар