Усните најчесто се споменуваат во контекст на убавината и бакнежите, но тие може да кажуваат нешто и за нашето здравје. Еве на што треба да обрнете внимание:
Отечени усни
Ова може да биде јасен знак дека нешто не е во ред со вашето здравје. Најчесто за тоа може да биде и некоја храна, па организмот ви покажува со овој знак дека не ја поднесува.
Испукани усни
Ова понекогаш може да биде од ветар, и други надворешни влијанија. Но, може да биде и знак на анемија и недостаток на железо во крвта. Испуканите усни може да бидат и знак за дијабетес, бидејќи високото ниво на глукоза го поттикнува развојот на габи, кандида, па и инфекција на усната.
Усни кои пецкаат
Ова може да биде знак на депресија. Многу психички нерамнотежи може да се отсликаат на нашето лице, а црвени усни кои пецкаат се еден од мачините да се покаже дека нешто не е во ред.
Бледи усни
Болести на срцето и белите дробови предизвикуваат неправилности во дотокот на кислород во крвта, па кога нивото на кислород ќе падне се случува да побледат усните. Бледите усни исто така може да бидат знак на анемија.
