After Midnight

Сигурни знаци дека не сте спремни на нова врска !!!

Како можете да знаете дека сте спремни за нова врска по прекинувањето на претходната? Повеќето луѓе не си го поставуваат ова прашање и се препуштаат на новиот „занес“. Но доколку сакате новата врска да Ви биде нова, а не повторување на претходната обратете внимание на следниве знаци…

1. Секој ден мислите на бившата љубов.

Без разлика дали мислете како старата љубов ќе реагира на Вашата нова работа, на тоа дали ја завршил неговата или замислувате како му е во моментот…Вие не сте спремни за нова врска !!!

2. Секој ден го „ставате“ во муабет

Доколку ја усовршивте уметноста во секоја започната тема да ја споменете неговата приказна и неговите погледи кон нештата, Вие не сте спремни за нов почеток.

3. Еден месец = една година

Според истражувањата „подигнувањето од пепелта“ на минатата љубовна врска треба е секогаш во сооднос 1 ½  месец опоравување на една година помината во претходната врска. Се што е под овој соодност со сигурност гарантира неуспех на врската која допрва треба да ја „вкусите“.

4. Не можете да се замислите сами

Тоа е потреба а не љубов. Ако не знаете да бидете надвор од врска, сега е право време да ги откриете благодатите на статусот сами!!! Очекувањето дека некоја друга личност ќе Ве исполни со среќа е рецепт за катастрофа. Среќата е само Ваша работа… Вие сте тие што ја создавате Вашата среќа !!!

5. Сакате први да влезете во нова врска

Тоа е очигледен знак на љубомора и сигурен симптом на несигурност !!! започнувањето на нова врска заради Ваша несигурност е гаранција дека ќе ги направите истите грешки кои сте ги направиле во штотуку прекинатата врска.

Johanna Lyman, една од најпознатите светски љубовни советници препорачува статусот сами по раскинувањето на врската да биде најмалку 4 месеци пред да се обидете да создадете нешто ново. Тоа е доволно време да дознаете и процените вистински каде сте згрешиле и каде Ви згрешил бившиот партнер…доволно време да откриете што ќе барате и што ќе понудите во следната врска.

Напиши коментар