After Midnight

Сигурни знаци дека врската Ви е во криза !!!

Кога се чувствувате како Вашиот брод полека да тоне, кога ја губите енергијата и заинтересираноста за врската… време е да се преиспитате и да увидите дали на Вашиот однос со партнерот му се ближи крајот.

Пред Вас се неколку сигурни знаци дека Вашата врска е во длабока криза… за чекорите кои ќе следуваат ќе мора да одлучите сами !!!

Поминува повеќе време пред компјутер отколку со Вас

Доколку Вашиот драг го проверува Фејсбук профилот, наместо да ужива со Вас во вечерта, тоа е сигурен знак, дека се откажал од врската. Или можеби е непристоен… Ако е така, привлечете му го вниманието и кажете му да Ви се посвети кога сте заедно.

Пребарувате по неговите предмети

Ако во последно време редовно ги проверувате џебовите на Вашето момче или се претварате во хакер за да ги прочитате неговите мејлови, всушност барате конкретно нешто кое само ќе ги потврди Вашите сомневања. Време е да си го поставите прашањето: Дали барате проблем, бидејќи не му верувате Вашето момче или сте премногу несигурни Во себе и во врска со она што ќе се случи во Вашата врска.

Повеќе не се смеете на неговите шеги

Кога „ паднавте “ на него, тој можеби не беше најдуховитиот човек на свет, но беше најдуховит човек, за Вас. Доколку повеќе не сакате да ја играте таа игра и некако Ве следат чувства на умор и исцрпеност, време е да го разгледате посериозно, секој аспект на Вашата мачна врска.

Ништо од секс

Некогаш избувнуваа експлозии од неговата силна прегратка и страста „ под јорганот “, а сега работите се поинакви, моментално Вашиот однос е сведен на некакво пријателство, без бенефиции. Ако објективно заклучите дека неговата желба исчезнала или некако, се намалила, причината може да биде друга жена или незаинтересираност поради Вашите чести одбивања.

Размислувате за други

Доколку стигнавте до фазата во која, наместо да размислувате за момчето со кое сте во кревет, размислувате за некој друг, на само чекор сте од најголемиот очај. Не е некој грев доколку повремено мечтаете за други, но ако тоа се случува често, тоа е јасен знак дека Вашиот партнер не Ве привлекува или повеќе не сте во состојба да воспоставите добра и квалитетна поврзаност.

Напиши коментар