Free zone

Синтетичка биологија

Еволуција на Козата-Пајак

Човекот со илјадници години се труди да си го олесни животот со разни експерименти, некои помалку некои повеќе успешни. Со внимателно вкрстување на животните ги имаме добиено денешните ”домашни животни” , но со напредокот на технологијата можеме да правиме тоа на поекстремно ниво. Козите, овците, кокошките… пред 10-тина илјади години сигуно не изгледале како денешните. Но ако порано можело да се вкрстуваат исти или слични видови на животни, со појавувањето на Генетичкиот Инжењеринг овој “недостаток” се елиминира. Така научниците “вкрстиле” коза со пајак, секако не со класично парење (како што некои од Вас сега си го замислија)

туку со мешање на генетските кодови на пајакот со козата. Целата идеја за вакво нешто доаѓа од свиленото влакно кое природно го произведува пајакот и кое е појако од кој било познат материјал, појако е од железото па дури и од кевларот од кој се произведуваат панцири или обвивките на вселенските бродови. Секако најлесно би било кога би се направиле фарми со пајаци, не дека не е пробано па е дојдено до заклучок дека пајаците се канибали (сам себе го јадел) по што се откажале од експериментот. Но со козите-пајаци работите стојат поинаку, глеадни од страна изгледаат нормални, трчаат и скокаат наоколу, ако им дозволите ќе ви изедат дел од облеката, разликата е во млекото кое го даваат. Млекото го содржи протеинот наречен Пајакова свила кој во лабараторија лесно се изолира од млекото, потоа неговата употреба нема граници, од користење во секојдневниот живот до користење во медицината.

Затоа кога следниот пат ќе видите пајак (на вашата перница пред легнување или во салатата која штотуку сте ја нарачале) не паничете не викајте ги колегите/родителите да ви помогнат дувнете го или истресете го, можеби некогаш ќе ви затреба неговиот протеин.

Напиши коментар