Celebrity

Сите го сакаат „Уметникот“!

По доделувањето на наградите „Златен глобус“ и позитивните критики, филмот „Уметникот“ на францускиот режисер Мишел Азанависиј и понатаму освојува бројни признанија.

Ова црно-бело остварување кое не враќа во златното доба на „немиот“ Холивуд ја зеде наградата на американското Здружение на продуценти (PGA) во конкуренција на седум други филмови.

–          Кога со Мишел сонувавме да го снимиме „Уметникот“, знаеве дека всушност сонуваме да му напишеме љубовно писмо на американскиот филм. Тогаш не ни помислувавме дека ќе ни се оствари американскиот сон, – изјавил продуцентот на филмот Том Лангман.

На истата манифестација Анџелина Џоли за филмот „Во земја на крв и мед“ ја добила наградата за филм кој се занимава со провокативни општествени прашања. И Стивен Спилберг добил награда за најдобар анимиран филм за „Авантурите на Тинтин“.

Ова било 23-то по ред доделување на PGA награди.

Напиши коментар