Таа е синоним за убава жена. Иако е во својата 42 година, сепак изгледа убаво, моќно и секси. Ова се нејзините ритуали и навики за убавиот изглед:
Што се однесува на шминката, таа од секогаш го преферирала природниот изглед. За да го постигнете тоа заборавете на тешките пудри. Наместо пудра таа користи микс од течни коректори, кои ги прекриваат недостатоците и делуваат многу поприродно отколку пудрата.
За да имате блескава кожа потребно е да пиете вода. Имајте навика покрај себе да имате шишенце со вода. Барем едно литро вода пијте во текот на денот. Таа препорачува и по некоја шолја чај од нане.
Без гладување – наместо гладување воведете режим на исхрана кој го забрзува метаболизмот и ги топи килограмите. Дневниот внес на калории на Клаудија изнесува 1200. Приуштете си кекс и чоколада. Освен тоа што здравата храна е добра за линијата, таа ни дава енергија и е добра за здравјето. Масната, тешка храна и слатките не дебелеат и прават да се чувтсвуваме уморно. Но, тоа не значи дека треба комплетно да ги исклучите од исхраната. На телото му требаат и слатки.
Диета 5+
По петте дена поминати со диета, шестиот ден може да јадете што сакате, да си приуштите уживање, а во следните 16 часа да пиете само течности. На овој начин ќе симнете 3 килограми загарантирано.
Појадок: почнете го денот со шолја јогурт. Во него може да ставите свежо овошје, или микс од житарици.
За ужина: направете свежо исцеден сок од вашето омилено овошје.
Ручек: исецкајте различен зеленчук, тоа може да биде пиперка, карфиол, грашок, кромид, компир, кромид, лук… ставете го на оган да се динста и зачинете по желба. Прелијте го со доматен сос и уживајте во здравиот оброк.
За Ужина: направете нискокалоричен сендвич од интегрален леб и пилешки гради.
Вечера: една шолја варен ориз измешајте со зрнесто овошје или друго овошје само да не е тоа банана и грејп.
