After Midnight

Ситниците со кои жените се оптеретуваат

За некои жени, излетот во спалната соба може да биде навистина стресен, поради многубројните несигурности од кои не можат да се опуштат доволно…

Тие моменти создаваат напната атмосфера, а сепак мажите и вообичаено не се склони да ги забележат секојдневните детали, така што ни тие за време на сексот нема ни да ги приметат…

Како изгледам наутро?

Типична ситуација:  Кога се будите еден покрај друг наутро, првата работа која ви е на памет е: Како изгледам?

Каква ми е косата? Изгледам ли свежо?

Одговор: Небитно…

Сите мажи наутро, вклучувајки го и вашиот, наутро не размислуваат  а ако ја воведете приказната со утрински секс, бидете сигурни дека нема да смета вашиот изглед…

Долна облека:

Митот кој, со помош на женските списанија го започна индустријата со долна облека и кој гласи : На мажите им е важно каква долна облека носите…Не е точен…Се разбира дека ќе забележи дека сте дошле во разносени стари , бабски гаќи, но сето останато во неговите очи е помалку или повеќе исто. Значи можете да носите нешто постаро комплетче од Викторија Сикрет, бидејки повеќето мажи преферираат да ја спуштат вашата долна облека на подот. А оној кој приметува дека вашите долни гаќички ви стојат топ, се разбира дека ги приметил од други причини…

Дали имам преголем задник?

Целулит, стрии, она една влакненце кое сте го забележале на ногата – тоа се работи кои им го загорчуваат животот на жените. Но, во спалната соба тоа се работи  кои треба да останат последни на памет… Единствено, овие нешта би ги забележал, доколку постојано ги нагласувате.

Како изгледам после секс?

Во филмските сценарија, нормално е жената после сексот да има прекрасна коса, која се виори , а нејзината шминка да е совршена… Во реалноста повеќето жени после секс изгледаат како да се нашле во средиштето на ураган , со размачкана шминка и со косата на сите страни. Пред да помислите дека може да ве види дека сте во таква состојба, една работа запомнете: Повеќето не забележуваат такви работи после сексот!

За што размислува?

Жената во текот на сексот размислува за милион работи : ручекот за утрешниот ден. Се надевам дека ова добро го правам, види пајажина ни се нашла на горниот агол, морам за утре да купам тоалетна хартија, се надевам дека не го слушна овој звук кои излезе од мене!…. Мажите имаат на ум само едно во тој миг : Јупиии секс!!!

Било какво понатамошно оптеретување со неговите мисли е излишно!!!

Напиши коментар