Убавата актерка го обработила класичнот “Bonnie & Clyde” на Серж Геинсоборг од 1968 година во кој пеела познатата Бриџит.
На интернет е објавена пената на која Скарлет Јохансон пее со синот на познатиот музичар, Лулу Геинсоборг,делот кој некогаш го пееше Бриџит Бардо.
Песната “Бони и Клајд”, ќе се најде на новиот албум на Лулу “From Gainsbourg To Lulu”, кој ќе биде објавен во октомври оваа година, а гости во обработките на песните од неговиот таталп ќе му бидат и Џони Деп, Руфус Ваејнврајт и Иги Поп.
За Скарлет ова не е прв обид во музичките води, таа во 2009 година објавила албум “Anywhere I Lay My Head” кој се базира на песните на Том Вејтс, а истата година со Пит Џорн објавила “Break Up”.
Минатата година била гостин на синглот “Summertime” дуо Масив Атак, а ја снимила и песната “One Whole Hour” која била дел од документарецот за лицата со аутизам.
Дали подобро звучи оригиналот со Бриџит или обработката со Скарлет, проценете сами!
http://www.youtube.com/watch?v=dY9PY4r83p8&feature=player_embedded
