Пробајте го ова инстант освежување…
Потребни состојки за сладолед од црно вино:

– 110 гр кафен шеќер
– 1 дл вода
– 700 гр боровница
– 2 дл црно вино
Подготовка:
На тивок оган растопете го шеќерот во водата и оставете го да се излади потполно. Изблендирајте ја боровницата, па додајте ја во изладената вода. Додадете го и виното. Смесата сипете ја во калапи за сладолед, или пак ставете ја во пластика. Ставете го во замрзнувач да отстои 6 часа.
Потребни состојки за сладолед од бело вино:

– 110 гр кафен шеќер
– 1 дл вода
– 3 до 4 зрели жолти праски
– едно стапче ванила
– 2 дл вино
Подготовка:
На тивок оган растопете го шеќерот во водата. Во него ставете едно стапче ванила. Кога ќе се излади додадете ги изблендираните праски и виното. Убаво измешајте, и извадете го стапчето. Сипете ја смесата во калапи или во пластика. Ставете ги во фрижидер да се смрзнат убаво.
