Celebrity

Следниот албум на Adelе за две години!?

Во едно интервју за некое француско радио, Adele соопштила дека кон крајот на годината ќе издаде нова песна која нема да има никаква врска со албумот „21“.

Нејзиниот албум „21“ и понатаму одлично се продава, а пејачката ветува дека ќе мора да почекаме дури до крајот на оваа година за да видиме нешто поинакво од неа.

–          Ќе издададам една песна до крајот на годината, а албум – навистина не знам кога. Сѐ зависи од тоа колку време ќе ми треба да ги напишам новите песни. Тоа нема да се случи ни оваа, а мислам дека ни наредната година. Ќе ми требаат добри две години, – изјавила пејачката.

Adele им порачува на своите фанови да не ѝ се лутат што сеуште не почнала сериозно да се занимава со новиот албум, бидејќи воопшто не е лесно тоа што го работи таа.

Write A Comment