Celebrity

Снајперистот Bradley Cooper!

Актерот Bradley Cooper ќе игра во филмот „Американски снајпер“, во продукција на студиото „Warner Bros“.

Ѕвездата од филмот „Мамурлак“ ќе биде дел од адаптацијата на книгата дело на Chris Kyle со наслов „Автобиографија на најсмртоносниот снајперист во историјата на американската војска“. Во романот, писателот ја опишал својата кариера меѓу вооружените сили на американската морнаница и неговиот подем до титулата „рекордер по бројот на смртоносни погодоци со снајпер“.

Книгата содржи и делови кои ги раскажала неговата жена, односно се работи за нејзин поглед кон животот на снајперистот.

Освен што ќе глуми во филмот, Cooper ќе се потпише и како сценарист на остварувањето.

Напиши коментар