Celebrity

Снимете домашно видео за спот на Дрејк!

Сè што треба да направите е да снимите видео за песната „Practice“ и да му ја испратите лично на раперот Дрејк.

Раперот го објави и вторниот сингл од студискиот албум „Take Care“, а спотот за песната „Practice“ изгледа како фан видео во кое моделот Кајра Кеос вежба како заводливо да игра сама и тоа пред камера, на песната на раперот. На крај во неуредната собичка се појавува и Дрејк…

Дрејк на својот блог ги повика фановите да му испраќаат свои слични видео снимки, за потребите на следната „Practice“ верзија.

Некои од снимките ќе се најдат и како пратечки видеа на неговата турнеја „Club Paradise“ која ќе започне на Денот на вљубените во Мајами.

Напиши коментар