Според извештајот на MTV, познатиот продуцент Diplo кој досега има соработувано со голем број ѕвезди од калибар на MIA и Beyonce, открива дека тој и раперот Snoop Dogg веќе работат на најновиот албум на Snoop и дека новиот музички правец по кој моментално чекорат е „страшно добар“.
– Snoop Dogg е икона, тој е поголем од музиката. Снимаме реге албум. Целиот албум е реге, тој пее и му оди страшно фантастично, јас за тоа немав појма. Срцето му е вметнато во секоја песна која ја пее, – изјавил Diplo.
Snoop претходната недела изјави дека новиот албум ќе биде „повторно роден и дека фановите мораат конечно да го запознаат во вистинско светло“.
