Комуникацијата во социалните мрежи ги зближува мажите и жените толку многу, што тие започнуваат со секс многу побрзо отколку претходно.
Четири од пет жени и тројца од пет мажи признаваат дека комуникацијата преку Фејсбук и другите социални мрежи како цело ги зближува многу побрзо со новиот потенциален партнер. Во анкетата спроведена преку “Shape” и ” Men’s Fitness” учествуваат 1200 мажи и жени. 38% од жените признаваат дека спиеле со мажот многу порано од обично, само затоа што преку Фејсбук постигнале доволна интимна близкост. Сите овие современи технологии многу брзо ги менуваат сексуалните навики на луѓето.
За оние со скршени срца пак, Фејсбук е местото каде се крие последната надеж. 81% од анкетираните велат дека не би го отстраниле од пријатели бившиот, а 75% признаваат дека го разгледуваат профилот на бившиот постојано.