Здраво тело

Со газираните пијалоци ќе имате сало и ќе го загубите помнењето

Пиењето газирани пијалоци директно е поврзано со дебелината, губењето на коскената маса, кариес…

Внимание!

Ова се неколку основни причини поради кои не треба да пиете газирани пијалоци и да си го сочувате здравјето.

Поттикнуваат таложење на мастите во органите – нивото на холестерол се зголемува, создаваат скриени масти, засладувачите и вештачките бои кои ги има во овие пијалоци може да наштетат и на мозочните клетки или да поттикнат хиперактивност. Исто така оние кои консумираат газирани пијалоци имаат и поголем ризик да заболат од дијабетис.

Доведува до губење на меморијата – хемикалиите кои се користат во овие пијалоци може да предизвикаат труење со бром, кој пак може да доведе до губење на меморијата, нервни нарушувања и оштетување на кожата.

Губење на коскена маса и кариес – анализите од бројни судии покажале дека поголемата консумација на газирани пијалоци повлекува помала консумација на млеко. Големата концентрација на глукоза, сахароза и други шеќери предизвикуваат расипување на забите.

То забрзува стареењето – пченкарниот сируп полн со фруктоза се користи како засладувач на многу газирани пијалоци. Оваа штетна вештачка состојка најчесто е од генетски модификувана пченка. Новите истражувања покажале дека генетскиот инженеринг предизвикува побрзо стареење.

Write A Comment