Оваа билка е дел од голем број на медицински препарати. Благотворно делува на нервниот систем, релаксира и ги отстранува стресот и нервозата, и обезбедува удобен и мирен сон.
Мајчината душица содржи танини, горчливи материи, етерични масла и фенолни соединенија.
Свежо подготвен чај од оваа билка е најдобро да се заслади со мед и да додадете малку сок од лимон.
Купката од мајчина душица има докажано смирувачки ефект. Направете мала торбичка од газа и во неа ставете една чаша од суви цвеќиња и листови од оваа билка. Ставете ја под млазот топла вода, и така наполнете ја кадата. Оваа купка е најефикасна пред спиење.
