Марулата е вкусна салата која е одлична за губење на килограмите, Но, поважно е дека марулата не штити од малигни заболувања. Неа ја сочинува 90% вода.
Темните листови се богати со фолати и содржат доста бета каротен (провитамин А) , витамин Е, Ц, Б1, Б2, Б6 , ниацин, калиум, фосфор, калциум, магнезиум, и др.
Зелените листови на марулата се богати со хлорофил кој ги освежува клетките. Состојката лактиум делува многу смирувачки. Има мала калориска вредност, и здрава е за дигестивниот тракт и за работата на црниот дроб.
Во 100 гр има само 13 калории. Со консумирање на само четири порции салата неделно, можно е да се намали ризикот од појава на рак на белите дробови,укажуваат некои резултати од истражувањата.
Врз основа на една студија која опфатила вкупно 3800 испитаници, научниците од Универзитетот во Тексас заклучиле дека зелената салата содржи материи кои ги блокираат клетките на ракот или го успоруваат развојот на болеста во дишните патишта. Посебно активен позитивен ефект на зелената салата е забележен кај пушачите. Лекарите се уверени дека зелената салата не само да го намалува ризикот од појава на тумор, туку и ги намалува штетните влијанија на загадениот воздух и алергените од прашината. Најдобра заштита на белите дробови се постигнува со комбинација на умерена физичка активност и зголемен внес на зелена салата во исхраната.
Најдобро е да се консумира свежа, ситно исецкана, закиселена со малку лимонов сок.
