Здраво тело

Сокови кои му помагаат на желудникот: цвекло и зелка се лек за гастритис

Доколку имате проблематичен желудник се поставува прашањето што да се пие. Одговорот е едноставен, пред се вода. Но, нашата вода има некои недостатоци. Како прво содржи многу хлор. Второ има хемиски супстанци кои остануваат во неа од водоводните цевки. Најубаво е водата да ја наполните и да ја оставите да отстои барем два- три часа пред да ја пиете.

Се препорачува да пиеме многу чаеви. Тука во прв ред се зелениот и црниот чај, тие содржат многу аминокиселини, пектин, минерали и витаини.

Соковите исто така се препорачани, но не сите. Доколку имате проблеми со желудникот направете свежо исцеден сок од зелка и цвекло. Покрај целулоза, тие содржат многу корисни влакна кои ја обновуваат слузокожата на желудникот. Сокот треба да го пиеме додека е свеж, но кога станува збор за сок од цвеколо единствено тој треба да го чуваме барем три часа во фрижидер пред да го пиеме. Истражувањата покажале дека состојките кои ги имаат цвеклото и зелката се доволно моќни за да ги намалат болките и симптомите на гастритисот.

Write A Comment