Совршен за жешките летни ноќи !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 лимони
120 грама шеќер
100 милилитри водка
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Избришете ги лимоните со памук натопен со ракија, па добро измијте ги под топла вода. Кората од двата лимони изрендајте ја или ситно исечкајте ја. Еден лимон исечете на кругови, а останатите два исцедете ги.
Помешајте ги кората и сокот од лимон со шеќерот, во специјален сад за матење, со ознака за милилитри. Дополнете со вода до 500 милилитри. Сето тоа прелијте го во метален сад и чувајте го 3 часа во фрижидер. За време на замрзнувањето, на секои 15 минути силно мешајте ја течноста.
За крај, течноста ставете ја во декоративни чаши и прелијте ја со водка. Можете да ги сервирате со кругчињата од лимон или листови нане, по желба…
Уживајте во неверојатната свежина !!!
