Помфрит каков до сега не сте пробале… Феноменален вкус… кој се памети !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 компири
Билно масло ( најдобро е со масло од кикирики )
Сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исчистете го компирот и исечкајте го како за помфрит. Потопете го во вода околу 2 часа, но променете ја водата после еден час.
Темелно исушете го компирот со помош на крпа или хартија.
Загрејте околу 2 сантиметри масло за јадење (или колку што е доволно да се прекријат компирите) во сад на средна температура.
Бланширајте ги компирите околу 2 минути.
Така малку пржените компири ставете ги во чинија на која претходно сте ставиле хартија ( салвета ) и оставате ги во фрижидер за да го прекинете процесот на спремање на компирите.
По 15 минути догрејте го маслото за јадење на повисока температура. Компирите пржете ги додека не станат крцкави, околу 4 до 5 минути
Посолете по вкус и уживајте во неверојатниот вкус !!!
