Време е за пролетните сандали и отворени чевли, па затоа е многу важно да имате убави и негувани стапала. Педикирот е задолжителен ритуал кој, освен што ќе ги направи неодоливи вашите стапала, ќе ви подари прекрсно чувство на удобност и свежина.
Купка: На вашите нозе им е потребна купка од топла вода, сол и миризливо масло кои ќе ви го пружат потребното опуштање. Доволни се 10-15 минути. Како инстант решение за заморот на стапалата во топлата вода додадете чај од коприва и масло од ментол.
За подобра циркулација на крвта по неколкучасовното одење со високи потпетици држете ги нозете наизменично во жешка (40 степени), а потоа во ладна вода (15 степени). За свежина и тонирање на кожата на стапалата во топлата вода додадете чај од жалфија или масло од лаванда.
Пилинг: Откако кожата ќе ви биде омекната, следниот чекот треба да биде пилингот и отстранувањето на грубата кожа на петиците. Како домашен пилинг за стапала може да ви послужи смесата од маслиново масло, морска сол и неколку капки лимон. Со пилингот масирајте ја кожата не помалку од 10 минути.
Хидратација: Следен чекор од вашиот домашен третман на стапала треба да биде хидратацијата на кожата. Нанесувањето на хранлива крема на стапалата по секое туширање треба да биде задолжителен ритуал. Во домашни услови, сварете парчиња јаболко во мала количина млеко и таквата смеса, откако ќе се олади, нанесете ја на стапалата. По половина час измијте ја и нанесете витаминска крема.
Нега на ноктите: Последниот чекор од третманот на стапалата треба да биде средувањето на ноктите. Користете турпии со фини кристали и квалитетни лакови. Доколку користите лакови во јаки бои, на ноктите првин нанесете безбоен лак, како основа, па дури потоа лакот во боја. За отстранување на кутикулите користете специјално средство кое првин ќе ги омекне, а потоа со помош на стапче отстранете ги.
