After Midnight

Спијам – значи те сакам

Спиењето по секс најчесто се толкува како неизитересираност и неромантичност. Меѓутоа тоа не е така…Имено со тој чин се открива дека вашиот партнер е навистина заљубен во Вас – тврдат научниците од Мичигенскиот универзитет. Тие откриле дека луѓето кои по сексот со партнерот заспијат имаат поголема желба за блискост со партнерот.

“Можеме да потврдиме дека, колку побргу заспие вашиот партнер по сексот тој е оној кој е поопуштен и желен за подлабок емоционален однос со Вас“ – истакнува директорот на студијата доктор Даниел Кругер.

Тој заклучок научниците го имаат донесено преку анонимните испитувања во кои учествувале околу 500 испитаници, а зборуваат за нивното однесување пред и после сексот и за тоа како се заљубени и задоволни во односот.

Спротивно од стереотипите, научниците откриваат дека мажите не заспиваат почесто после сексот, за разлика од жените, односно дека тие тоа не го прават во поголема мера. Жените многу почесто заспиваат први, ако немаат секс.

„Можно е мажите да остануваат будни подолго за да ги чуваат своите партнерки, или сепак за да ги заведат за да дојде до секс“, кажува коавторката на студиите, Сузан Хашес. Таа додава дека поголемиот дел од научните истражувања се занимаваат со тоа што се случува пред и за време на сексот, меѓутоа за еволуциската психологија многу се важни и специфичните однесувања непосредно после сексот.

Write A Comment