Celebrity

Спотот на Madonna забранет за малолетни!

Најпознатиот музички канал го забранил спотот на Madonna за песната „Girl Gone Wild“ за сите помлади од 18 години.

Само неколку дена по објавувањето на спотот, видеото добило официјална забрана за емитување на „ЈуТјуб“ за сите малолетни. Сега видеото ќе можат да го видат само регистрирани полнолетни корисници.

На кралицата на поп музиката оваа одлука воопшто не ѝ се допаднала, па решила и јавно да ја искоментира оваа забрана.

–          Некои работи никогаш не се менуваат. Ова е идентично на настанот кога во 1990 година од „MTV“ одбија да го емитуваат спотот за песната „Justify My Love“.

Madonna ќе мора да исече одредени кадри од видеото ако сака да ја симне забраната.

Напиши коментар