← НАЗАД НА БОЗА

Среќата е за храбрите, љубовта за оние што веруваат…

Среќата е за храбрите, љубовта за оние што веруваат…
1932 Читања

Почни од денес:

…да не се грижиш за вчерашниот ден! Тој е во минатото, а минатото никогаш не се менува. Можеш да се смениш само ти, ако навистина сакаш…

Почни уште од денес:

…да не се грижиш за утешниот ден. Тој секогаш ќе биде пред тебе и ќе очекува да го дадеш најдоброто од себе. Но тоа може да се случи единствено кога ќе го живееш квалитетно денешниот ден…

Почни уште денес:

Погледни се во огледало и виде се себе си! Ти си личност која заслужува внимание и восхит. Личност која знае што сака и што заслужува, која со задоволство би ја запознала и би ја ценела…

Почни уште денес:

…да го цениш секој еден миг во својот живот и даровите што ги добиваш од него!  И не пропуштај да го делиш сето тоа со луѓето околу тебе…

Почни уште денес:

…и барем за миг тргни се од разгазениот пат, по кој се движиш по навика. Не плаши се да го избереш новото и непознатото. Насладувај се на пријатните изненадувања и тајните кои ќе ги откриваш…

Почни уште денес:

…дочекај ги предизвиците со храброст и решителност. Надмини ги бариерите кои се пречка за твојот раст и усовршување…

…не дозволувај на недостатокот на храброст да го повреди твоето Јас. Желбата да успееш и способноста да сакаш треба да се посилни од се останато…

…отвори ја свеста и срцето за се добро и убаво околу тебе. Прифати се што ти се случува и извлекувај по нешто добро за себе од секоја ситуација…

…запознавај нови луѓе! Не очекувај совршенство. Тоа нема да го најдеш ни во себе ни во некој друг. Не постои совршенство во овој несовршен свет…

…секогаш треба да знаеш дека ти носиш одговорност за твојата среќа! Затоа живеј така, за да бидеш среќен и задоволен од она што го правиш и од она што си…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk