Мрзливиот мачор Гарфилд вчера наполни 34 години. Тој е еден од најомилените цртани ликови на планетата, кој е роден токму на 19 јуни.
“Таткото” на Гарфилд, Џим Дејвис го нацрта својот “син” во 1978 година, кога и за прв пат се најде неговото лице на насловната од стрипот.
Мачорот кој ништо повеќе на светот не мрази од понеделник, и кој најмногу сака да јаде лазањи светската слава ја доживеа во 1988 година кога започна да се емитува цртаниот филм Гарфилд и пријателите.
Да се потсетиме на мрзливото мило маче:
httpv://www.youtube.com/watch?v=p5ZCOIGCD88&
