After Midnight

Сте сонувале дека имате секс со бившиот дечко ???…

Секс со неочекуван партнер додека спиете не значи она што Вие мислите!!!

Сништата често немаат никаква врска со стварноста, но можат да бидат толку реални што може да Ве разбудат. Соништата поврзани со секс се интензивни и преставуваат силно искуство, а неочекуваните партнери и случувања можат незгодно да Ве изненадат.

Дали некогаш сте сонувале дека сте во жежок клинч со бившиот дечко??? Значат ли секси сништата дека размислувате за друг партнер и сакате да го изневерите сегашниот???…

1. Секс со колега/колешка или шеф/шефица…

Најчесто сонуваме за луѓето кои секојдневно ги гледаме, според тоа не е чудно доколку вашиот колега или шеф се појават во Вашите соништа. Таквиот сон не мора да значи ништо, не значи дека тие луѓе Ве привлекуваат во стварниот живот… Овој сон може да значи дека сакате да бидете поодлучни во животот и дека на некој начин Вашиот колега или шеф се патот кој треба да го следите.

2. Бившото момче

Бившото момче/ девојка  треба да припаѓа на минатото, но често се случува Тој/ Таа да Ве посетува додека спиете… и тоа токму во секси соништата!!! Овој сон често значи нерешени емоции со бившиот партнер. Секси соништата кои вклучуваат бивши партнери говорат за моменталната состојба во Вашата врска. Обично ваквите соништа се јавуваат кога Вашата моментална врска пременила во секојдневна рутина.

3. Секс со пријател

Секси сон кој го вклучува забранетото овошје може потполно да Ве измрда.

Во реалноста сите имаме пријатели од спротивниот пол и во никој случај не сакате ништо повеќе од пријателство… но некој од нив упорно Ве посетува во вашите секси сништа!!! Овој сон не значи дека пријателот Ве привлекува туку дека Вие го обожавате поради некоја негова лична карактеристика која Вам Ви се допаѓа.

4. Жена

Секси соништата во кои жена Ви е партер не значи дека Ве привлекува истиот пол. Таквите соништа говорат дека Вие не сте задоволни со Вашиот сексуален живот и дека Вие потребно повеќе нежност и грижливост.

5. Странец

Странецот во секси соништата всушност сте Вие. Непознат маж со кој во сонот сте имале жежок настап Ви докажува дека сте горди на некој Ваш успех или постигнување. Доколку Вашиот Секси странец во сонот нема лице или носи маска,  тоа говори дека немате доволно храброст да го откриете Вашиот скриен талент.

6. Секс пред други

Сексуалниот однос во соба полна со луѓе значи дека сте загрижени за моменталната состојба на Вашата врска. Овој сон значи дека од нешто се плашите а тоа нешто е поврзано со вашиот моментален партер. Доколку немате партнер а сонувате секс во јавност значи дека сте спремни за следниот голем чекор во Вашиот живот.

Напиши коментар