Celebrity

Стивен Спилберг ќе снима за животот на Мојсеј!

Стивен Спилберг ќе го режира филмот „Богови и кралеви“ во продукција на филмското студио „Ворнес Брос“. Сценариото е дело на Стјуарт Хејзелдин кој е автор и на сценариото на „Изгубениот рај“ и Мајкл Грин кој е заслужен за филмот „Green Lantеrn“.

–          Филмот ќе биде во стил на „Храбро срце“ и ќе го прати животот на Мојсеј од моментот кога е посвоен до добивањето на десетте заповеди. За неговата животна приказна постојат бројни верзии, но ова ќе биде вистински воен филм, – соопштуваат од филмското студио.

Засега, не е познато кој ќе глуми во филмот, но се знае дека снимањето започнува во април, оваа година.

Напиши коментар