Celebrity

Стивен Тајлер повторно ќе запее со Кери!

Ѕвездите од „Американски идол“ Стивен Тајлер и Кери Андервуд решиле по втор пат да ги соеднинат своите енергии и да создадат дует налик тој од последните „Кантри музички награди“ кои се одржаа во Лас Вегас. Тогаш оваа соработка која ги соедини синглот на Кери „Undo It“ и песната на „Аеросмит“ – „Walk This Way“ беше главна атракција на вечерта, а видеото стана вистински хит на интернет.

Новиот дует е закажан да излезе во јавност на 4-ти Февруари, што значи дека веќе подолго време се работело на него и сега колаборацијата е готова да ги раздрма широките маси. Соработката е снимена во Пепси Колисеумот во Индијанаполис.

Инаку, Тајлер и Кери се аристи кои им припаѓаат на сосема различни музички жанрови.

Напиши коментар