Постојано сте во потрага за магични трикови за домашна убавина?! Ние ќе ви откриеме неколку:
- Како да ги лечите мозолките и митесерите? – одговорот е едноставен, сода бикарбона. Има голема моќ на детоксикација и затоа ги отстранува сите нечистотии. Потребни се само две лажички сода бикарбона и три шољи варена вода. Полијте ја сода бикарбоната со врелата вода и оставете да се растопи. Ставете ја главата над садот каде се растопила сода бикарбоната и ставете пешкир на глава.
- Темни подочници – помешајте 2 лажички етерично масло од рузмарин и 2 децилитри домашна ракија и неколку листови од ружа, оставете да стои оваа смеса една недела, потоа течноста процедете ја и додадете 1дестилирана вода и ставајте ја течноста на памук и потоа на очите во вид на облоги. Практикувајте го ова наутро и навечер.
- Рецепт за првут – намачкајте го скалпот на косата со бебешко масло, оставете да делува 10 до 15 минути, а потоа косата измијте ја со шампон. Повторете ја постапката 2 до 3 пати пред миење на косата.
- Трик за долги трепки – ставајте малку вазелин на вашите трепки пред да заминете на спиење. Наутро исплакнете го со млака вода.
- Лесно отстранување на маскара и сенка за очи – најчесто се користи сончогледово или маслиново масло, кое покрај што супер ќе ја отстрани шминката, туку ја хидратизира кожата. За пилинг на лицето, смешајте пченкарно брашно со неколку капи маслиново масло.
