Здраво тело

Светлината го враќа памтењето !!!???

Група научници изтражуваат неверојатна работа: дека неколку неврони можат да влијаат на целата наша меморија…

Тие, во нивните студии по прв пат покажуваат дека можно е да се активира меморијата на барање, стимулирајќи неколку неврони, со помош на светлината – а користеле техника под име оптогенетика.

Оптогенетиката е моќна технологија која им овозможува на истражувачите да ги контролираат генетски модифицираните неврони, само со помош на блага светлина.

Тие прво морале да ги идентификуваат невроните кај глушец, кога тој создава нова меморија. Притоа, се фокусирале на хипокампусот, дел од мозокот одговорен за учење и сеќавање. Тогаш го издвоиле генот кој пренесува шифра за протеини, чувствителен на светлина во невроните на хипокампусот, што им овозможило со помош на светлина да ги контролираат невроните.

Ниеден тест не предизвикал страв кај глувците, што значи дека светлината навистина навистина  ја активирала целата меморија на страв.

Во претходните некоклу години, оптогениката овозможува моќни достигнувања во невронските темели на мозокот и покажала дека светлината влијае кај болестите како депресија, Паркинсон, анскиозност и шизофренија.

Овие студии покажуваат дека е можно вештачки да се стимулираат неколку неврони, со што би се вратила старата меморија.

Write A Comment