Celebrity

Taylor Lautner како секси доставувач :)

Ѕвездата која се прослави со успехот „Самрак сагата“ ќе игра во акциониот трилер „Tracers“

Актерот Taylor Lautner во овој филм ќе игра еден секси доставувач со велосипед, кој ќе биде вмешан во организиран криминал по една случајна средба со непозната жена. Со нејзина помош тој ќе успее да стане врвна фигура во светот на урбаната мафија.

Младиот актер како дете се занимавал со боречки вештини, а својата умешност во паркор (вештина на брзо движење по урбаните површини) веќе имаше прилика да ја покаже во филмот „Abduction“.

Филмот е во режија на Daniel Benmayor.

Write A Comment