Американската кантри пејачка Taylor Swift е во преговори за улогата на Joni Mitchell во филмот кој ќе биде направен според книгата на Sheile Weller со наслов „Girls Like Us“.
Ова ќе биде дебитантски настап на пејачката како актерка, а се работи за високопродукциска драма која го следи животот и кариерата на Mitchell, Carly Simon и Carole King. Swift сеуште нема добиено официјална понуда, но веќе со месеци се поврзува со оваа улога. За другите две главни улоги направена е аудиција.
Taylor се има појавено и во филмот „Valentine’s Day“, но нејзината улога беше незначителна, а неодамна го позајми својот глас и во анимираниот филм „The Lorax“.
