Celebrity

Тејлор Свифт ја изгуби улогата во „Клетници“!

Иако филмските медиуми пишуваа дека на Тејлор Свифт ѝ е доделена улогата на ќерката на Тенардие во филмот „Клетници“ според романот на Виктор Иго, продуцентот Камерон Мекинтош тврди дека Саманта Баркс е таа што ја добила оваа посакувана улога.

Тејлор нема да ја игра Епонина од причина што официјално е соопштено дека ја изгубила борбата за улогата, а трофејот ѝ припаднал на Баркс, која е релативно нова во филмската индустрија. Таа ја има играно истата улога во лондонската продукција на филмот од 2010 година.

21-годишната актерка не можела да ја сокрие возбудата кога дознала дека е одбрана.

–          Не ми се верува дека повтроно ќе ја играм Епонина, улога што ми е многу срасната за срце. Ова е најсреќниот момент во мојот живот.

Напиши коментар