ПОТРЕБНО Е:
500 грама бело чоколадо
125 грама сушени цреши
125 грама сушен ананас
125 грама сушени кајсии
125 грама сушена брусница
текила по ваша желба
ПОДГОТОВКА:
Сето сушено овошје во сад засебно потопете го во текила. Почекајте околу 2 до 3 часа за да текилата убаво навлезе во овошјето и го омекне истото.
По 3 часа сите овошја исцедете ги од текилата и оставете ги да се исушат на кујнска хартија. Белото чоколадо растопете го на пареа и потоа во тава за печење на која сте ставиле хартија за печење истуретего растопеното чоколадо и распоредете ги претходно исушените суви овошја.
Оставете текила колачот убаво да се стегне. Откако убаво ќе се олади искршете го на парчиња и …
Уживајте во прекрасниот вкус!!!
