Пробајте нешто вкусно, здраво и лесно…
Потребни состојки:
– 2 шолји варени тестенини (околу 400 гр)
– 2 инстант супи од зеленчук
– 2 страка млад лук
– шолја бело вино
– сол и бибер
– маслиново масло
– 150 гр рендан кашкавал
– 2 големи домати
– половина тиквица
– малку маслинки
Подготовка:
Ставете го ситно исецканиот лук на загреано масло. Нека се пропржи малку и потоа додајте ги тестенините. Сипете го виното и зачинете. Потоа додајте половина од количината супа и варете ги на тивок оган. Варете ги во покриен сад. Потоа додајте ја и преостанатата количина на супа. Кога тестенините ќе бидат сварени ставете и исецкани домати, маслинки и тиквички. Уште малку пропржете на тивок оган и јадењето е готово. На крајот ставете го изренданиот кашкавал.
