Celebrity

Тинејџер поснаодлив од James Bond :)

Детаљите од снимањето на најновиот филм, дел од најдолговечната франшиза максимално се држат во тајност… и тогаш, се појавува едно дете со мобилен телефон и тајно снима важна акциона сцена со James Bond.

На „ЈуТјуб“ се појавило видео кое го направил Ibrahim Ozden (17) од Турција, кој еден ден успеал да се доближи до местото каде се снимал најновиот филм со тајниот агент по име „Skyfall“. Тој успеал да ја сними сцената со борба на воз, кој треба да излета од шините во истиот момент кога го прелетува мотор – акција на „бондовски“ начин. Снимката веднаш се нашла на една турска телевизија, а потоа се проширила и на интернет.

Маскираниот тинејџер заедно со двајца другари ја прескокнал оградата, се скрил под вагоните од возот, го снимил клипот и го продал на турската телевизија.

Напиши коментар