Сексуалноста – оружје и етикета во животот на тинејџерите
Повеќето 13 годишни девојки во Америка сеуште немале сексуални односи, покажало истражувањето. Но, тоа не значи дека во тие години не зборуваат за сексуалните односи и дека својата сексуалност не ја користат како оружје. Можеби тоа ви звучи како тема за возрасни, но не е. Кога вие за прв пат сте го слушнале зборот ороспија, знаејќи го неговото вистинско значење? Тринаесетгодишно девојче од овој видео клип ни дава добар увид во размислувањата на денешните тинејџери.
Знаеме дека децата знаат да бидат многу сурови, а кога кон тоа се додадат и хормоните, последиците се уште поголеми. Всушност, сексуалноста се користи уште во училиштето како оружја, па не ретко девојчињата се етикетираат како ороспии, и покрај тоа што се уште не се сексуално активни. За таа етикета, во прв ред ќе се погрижи генетиката. Односно онаа која прва ќе почне да се развива, има најголеми шанси да го добие тој прекар.
Проблем е што девојката која го добила тој погрден прекар, мора да се бори со своите емотивни спротивставувања. Потоа треба да се соочи со фактот дека некои родители на нејзини те пријателки ќе им забранат на своите ќерки да се дружат со неа, за и нивното дете не ја добие таа етикета.
Судејќи според сè,тинејџерите не се свесни за тежината на зборовите и прекарот кои ги дават како и на последиците кои можат да ги остават врз личноста која ја зеле на заб.
Точно затоа е и овој видео корисен да се сподели со сите тинејџери кои ги познавате, бидејќи и самите треба да се потрудиме децата да ги сфатат последиците од своите постапки
-Свесна сум дека тоа е необична тема за 13 – годишна девица, но е важно за тоа да се зборува и девојките на моја возраст бидат свесни за тоа. Многу тинејџерки меѓусебно се нарекуваат така, а без да знаат што значи тој збор. Знаеме дека е тоа само незнаење, но тоа ме нервира и многу ме лути и затоа го снимив тоа видео во кое објаснувам зошто таквото навредување е лошо, – напишала оваа 13 годишна девојка, која со своите ставови за сексот би можеле да ве изненадат.