After Midnight

Тоа е љубов…

Ако тој е првото нешто за кое мислиш будејќи се секое утро, единственото што ти е во главата цел ден и последната мисла со која навечер заспиваш, тоа значи само едно – љубов!

Љубовта – тоа е нежен допир, ветување за вечност, една тајна за двајца и истовремено отсуство на секакви тајни помеѓу…

Љубовта често зборува на свој сопствен јазик – јазикот на погледот, јазикот на милите гестови…

Љубовта…

Тоа не се громогласни декларации, туку оние најмали спонтани нешта кои со радост ги правиме за другиот…

Тоа е да прашаш:

Сакаш ли кафе? …

Уморен ли си?…

Тоа е:

Телефонски повик,

Неочекувано писмо,

Мало изненадување,

Прошетка заедно…

Тоа е:

Да направиш нешто за другиот без да бараш да ти се врати…

Да го прифатиш другиот таков каков што е…

Да гледаш со очите на душата, зошто зборовите може  да излажат, но очите ја откриваат вистината…

Да љубиш…

Значи секогаш да присуствуваш, но не само со телото, туку со душта…

Да не забораваш да кажеш: „Те сакам!“

Зошто треба да чекаш да изгубиш некого за да му кажеш дека го сакаш?

Кога некој има привилегија да сака и да биде сакан, животот е навистина прекрасен!

Таа топлина, таа светлина што извира од душата и очите…

Да љубиш, значи да видиш чудо невидливо за другите…

 

Напиши коментар