After Midnight

Тогаш кога бев изневерена…

На секоја од вас која била жртва на неверство ( и да, точниот збор е жртва) и е сосема јасно, дека тоа е период од животот, на кој не сакаш да се навраќаш. Затоа и го одложував пишувањето на статијава толку долго време. Но на крај решив да го споделам моето искуство со надежта дека можеби ќе помогнам на некоја од вас во борбата со душевниот пустош.

Што да НЕ правиме ако не изневерат

Првото и најважното нешто е да не ја споделувате маката и болката со секој еден што ќе го сретнете. Самата јас сум доста екстровертна личност и речиси сите мои пријатели и познати разбраа за драмата што ме снајде. Сега, неколку месеци покасно, многу ми е жал за големата уста и за тоа што дозволив на туѓите луѓе да навлезат во мојата душа. Споделената мака е навистина помала, но само тогаш кога ја споделуваме со најблиските пријатели. Во спротивно ризикуваме да ни се подсмеваат луѓе, кои не секогаш ти мислат добро.

Второ – никогаш, ама никогаш не го прашувајте за детали околу неверството и самиот секс. Никогаш не прашувајте дали другата била подобра во сексот, дали била послаба од вас, посекси, поубава и.т.н. Кога велам никогаш имам во предвид навистина никогаш. Во спротивно ризикувате да откриете детали, кои цел живот нема да можете да ги избришете од свеста.

Трето – Никогаш не мислете дека вината за неверството е ваша. За ништо на светот не се изложувајте на разрушителна самокритика. Да, сте можеле да бидете поубава, сте можеле да облекувате почесто секси долна облека, сте можеле да бидете мила и подобра. Но сепак тој бил со вас уште од почетокот и ве прифатил таква каква што сте. Затоа ако неверниот сакан почне со критики односно вас и вашиот надворешен изглед – знајте дека ова се само оправдувања.

Внимателно помислете дали продолжение на таа врска навистина заслужува да има. Ако треба да бидам искрена јас решив да му дадам и втора шанса. Во интерес на вистината и за ова не жалам. Сега, неколку месеци покасно совеста ми е абсолутно чиста и сум спокојна, дека сум дала шанса на себе си и на мојата голема љубов. Ако уште тогаш, по времето на првото изневерување раскинев со него, и до ден денес ќе се чудев дали не требаше да му дадам и втора шанса? Макар што истиот човек ме изневери и по втор пат, сега сум наполно смирена, бидејќи дадов и срце и душа но очигледно не било судено…

За крај само ќе ви кажам дека секогаш, буквално секогаш, можете да најдете подобар маж, кој не само што ќе ви биде верен, но и ќе ве разгалува, цени и сака. На крај се ќе биде во ред. Ако не е во ред, тоа значи не е крајот! А јас мислам дека го сретнав вистинскиот, после се…

1 Коментар

  1. Не знам зошто втора шанса? За да те изневери пак? Дали ја дозна причината зошто го сторил тоа? Дали врската беше долга? …Имам многу прашања. Благодарам ако одговориш и на овие. Поздрав

Напиши коментар