After Midnight

Толку е лесно да излажеш жена!

Жените често слушаат за сопрузи, дечковци, партнери кои ги изневеруваат своите партнерки, но секогаш со тајната надеж тоа да не се нивните. Оптимистички веруваат дека со ништо не заслужиле вакво нешто и дека тоа се случува само со другите. Во исто време психолозите успеале да ги обединат мажите кои се специјализирани во неверството во неколку категории.

Задоцнетиот пубертет – Овој маж ја имал лошата среќа да склучи прерано брак или да започне со сериозна врска, со првата девојка која позитивно одговорила на неговите чувства. Доста покасно открива дека има и други цветови во полето. Тагува за пропуштената младост и нема да пропушти ни една прилика што ќе му се даде за нешто свежо и ново.

Кршачот на срца – Во извесна смисла тој не ги крши, туку само ги колекционира. Тој може да ја натера секоја жена да се чувствува уникатна и неповторлива. Таков маж не би требало да биде семеен. Како што се вели, тој припаѓа на секоја и на никоја! Всушност дури и на себе не припаѓа.

Пресметливиот – Нормално дека во неговиот семеен живот нема веќе романтика, но продолжува да си стои небаре мирен, зошто се плаши. Тој има вонбрачна врска, но никогаш не би и признал на жена си, зошто нема да спечали од разводот, па зошто да си нема истовремено и љубовница и жена?

Жените погрешно сметаат дека ако го лишат мажот од секс со тоа ќе го казнат и ќе се опамети. Точно спротивното. Тој прави брзи излети во страна, не дека е вљубен во друга, а едноставно си ги задоволува своите сексуални потреби. Сосема деловно.

Изгледа се уште останувате со чувството, дека ова се случува само на другите? Зошто вие не би дозволиле нели?

Напиши коментар