Celebrity

Tom Criuse ќе лови вампири!

Ако им веруваме на написите во британските медиуми, популарниот актер Tom Cruise ќе биде продуцент и ќе глуми во новиот филм за ловци на вампири.

Проектот е едне од првите филмови договорени помеѓу компанијата „Universal“ и сценариско/продуцентскиот тим на Alex Kurtzman и Roberto Orci. Ова дуо е прилично зафатено со пишување сценарија, а нивни последни достигнувања се сценаријата за „Трансформери“, „Невозможна мисија“, „Прометеус“ и „Спајдермен“.

Tom Cruise ќе го игра фантастичниот херој и ловец на вампири Van Helsing, кого последен пат на големото платно го видовме во 2004 година, а тогаш го играше Hugh Jackman.

Интересно ќе биде да го видиме Tom од другата страна на приказната, со оглед на тоа што во 1994 година, во филмот „Interview with the Vampire“ играше вампир.

Напиши коментар