Celebrity

Tom Cruise и „7-те величествени“!

Славниот американски актер Tom Cruise ќе глуми во римејкот на филмот „Седумте величествени“ кој ќе го снима студиото „Metro Goldwyn Mayer“.

Студиото сеуште нема потпишано договор со ниту еден сценарист, но активно се бара вистинскиот за овој проект. Првиот вестерн филм со овој наслов излезе во 1960 година, а во него се работи за седум револвераши најмени да заштитат едно мало село во Мексико од група бандити.

Оригиналниот филм е заснован врз филмот „Седумте самураи“ од 1954 година на јапонскиот режисер Akira Kurosawa. Филмот имаше три продолженија, а последното беше прикажано во 1972 година.

Напиши коментар