Celebrity

Tom Cruise и Beyonce заедно на филм!

Во новото филмско остварување на познатиот актер и режисер Clint Eastwood, рамо до рамо ќе се најдат актерот Tom Cruise и пејачката Beyonce.

Се работи за римејк на филмот „A Star Is Born“ во кој треба да глумат двете познати ѕвезди, а снимањето требало да започне во април. За жал, тоа ќе мора да се одложи на некој период поради пораѓањето на Beyonce.

Покрај Tom Cruise, Hugh Jackman, Leonardo DiCaprio, Will Smith и Christian Bale биле исто така земени во предвид кога станало збор за доделување на главната улога.

Оригналниот филм од 1937 година досега доживеал неколку римејка и тоа еден во 1954 и еден во 1976 година.

Напиши коментар