Celebrity

Tom Hanks ќе го бара „Изгубениот симбол“

Последниот роман на Dan Brown наскоро ќе биде преточен во филмска верзија.

„Изгубениот симбол“ во Америка постигнал рекорд за најбрзо распродадена книга за возрасни. Овој бестселер ја следи приказната на професорот Robert Langdon кој во Вашингтон се бори со времето со цел да го спречи мистериозниот убиец кој се обидува да ја открие тајната успешно чувана со векови.

Засега се знае дека Tom Hanks најверојатно ќе ја репризира улогата на Langdon. Тој веќе играше во филмовите „Кодот на Да Винчи“ и „Ангели и демони“ кои исто така беа снимани според романите на Brown.

Филмот треба да го режира Mark Romanek, а режисерот на претходните два филма Ron Howard ќе се потпише како продуцент на остварувањето.

Напиши коментар