Celebrity

Том Хенкс како Волт Дизни!

Оскаровецот Том Хенкс ќе го игра пионерот на анимираниот филм Волт Дизни, во филмското остварување со наслов „Saving Mr Banks“.

Филмот нема да го раскажува целиот живот на Дизни, туку периодот кога неговото студио се обидува да ја сними адаптацијата на романот „Мери Попинс“ на авторката П.Л. Траверс. Студиото ја убедувало Траверс цели 14 години да дозволи нејзината книга да биде преточена на големото платно, што конечно се случило во 1964 година, а во главните улоги биле Џули Ендрјуз и Дик ван Дајк.

Иако Траверс се согласила, подоцна била ужасната од анимираните секвенци во филмот кој освоил Оскар за музика, песна, монтажа, специјални ефекти и улогата на Ендрјуз.

Том Хенкс ќе го игра Дизни, а Траверс ќе ја овековечи Мерил Стрип. Режисерот на филмот сеуште не е познат.

Напиши коментар