Free zone

Топ 10 работи кои девојка ти не треба да ги знае

За да не го разгориш огнот и да не си направиш проблеми, подобро не го кажувај ова:

Број на девојки со кои сте биле пред неа. Вашата девојка не треба да ги знае вашите успешни и неуспешни врски, тоа може да го злоупотреби во одредени моменти.

На што ги трошите парите. Не се ставајте во ситуација да се правдате каде ги трошите парите, таа секако ќе ве нападне дека премногу трошите на своите задоволства.

Дека сте зависни од своите родители. Сакајте ги своите родители, ама не и кажувајте. Ќе има мислење дека сте мамин син и ќе ви го спомнува тоа во секоја расправија.

Вашите слабости и стравови. Жените сакаат покрај себе маж кој ќе ги заштитува, ако таа знае дека вие како секој нормален човек имате стравови ќе ве смета за слабак.

Вашите активности во бањата. Ако сакате да имате убава врска, дајте си интимни моменти, само за себе.

Моралните недостатоци на вашите пријатели. Жените имаат некој чуден однос и став кон пријателите на момчето. Ако и ги кажете нивните не толку убави особини, самите ќе си оставите простор да ви се качува на глава.

Вашите сексуални фантазии. Во ред е да кажувате што ви треба, што сакате… но не одете до крај. Некои жени не разбираат како што мажите зборуваат па може да ве направи налудничав.

Дека сте изневерувале во претходите врски. Таа веднаш ќе се спореди со претходните девојки, и ќе размислува по женска логика: “Ако ја изневерувал неа, зошто не би ме изневерувал и мене”.

Што ви купувале претходните девојки. Оставете го минатото позади себе, не дозволувајте нешто што завршило да ви биде пречка во нешто што сега создавате.

Не и кажувајте што кај неа ве потсетува на бившата. Ако ја споредите ќе направите хаос.

Напиши коментар