Free zone

Топ 10 работи кои не треба да ги носите на пуст остров:)

Кога би ја имале можноста да отидете на пуст остров дали би оставиле сè тука и да одите на место каде што никој нема да ви смета?

Доколку сте едни од оние кои би го сториле тоа еве ова се топ 10 работи кои не треба да ги носите со себе.

Будилник

Нема да ви треба будилникот, и онака цел живот се воздржувате да не го скршите наутро кога ве буди кога сонот е најубав. Таму ќе правите што сакате и кога сакате.

Пластично овошје

Таму ќе имате доволно природно овошје, нема да ви требаат овие пластики ниту за украс.

Кондоми

Ќе ви треба ли кондом на место каде нема никој освен птици и диви животни?

Библија

Молитвите кон Бог ви се непотребни, па вие сте веќе во рајот. Што уште ви треба?

USB

Нема каде да го приклучиш, нема кои податоци да ги пренесеш. Заборавете на книги, музика, и сите лудости на информативните технолошки новости.

Визит карти

Нема на кого да се претставувате, нема на кого да го покажете вашиот успех во кариерата. Нема комплименти за вашиот успех.

Ситни пари

Не ви трбаат ситни пари, а не ви требаат ни пари воопшто. Таму каде одите нема потреба од пари… тоа е најубавата работа.

Полнач за телефон

Нема телефон… нема досадни позиви, пораки… Нема потреба од вознемирување. Имате одмор од се.

Мастики

Не се грижете за вашиот здив. Нема на кого да му смета, нема примедби за ништо.

Клучеви

Колку често за сите овие работи се грижиме да не ги заборавиме. А сега ништо од тоа не е потребно. Сега нема потреба да мислите што би правеле кога не би имале нешто.

Напиши коментар