Здраво тело

ТОП 5 анти-оксиданти – Најголемите борци против ракот !!!

Пролетта е идеалното време да бидете „алчни“ по овошје и зеленчук. Освен што се вкусни тие се и најголемите борци против чумата на 21 век – ракот.

Пролетните дарови на природата го зајакнуваат Вашиот имунитет, се борат против ќелиите на ракот и канцерогените токсини кои ги имаме во организмот.

Ви ги преставуваме најголемите борци за Вашето здравје!!!

Јагоди

Јагодите се можеби најдобар избор, затоа што имаат малку калории, може да се најдат секаде и секогаш по поволни цени. Добро би било да ги имате и во замрзнувач во текот на целата година. Нивното позитивно влијание врз здравјето е потполно исто ако ги јадете свежи или замрзнати.

Една шолја јагоди има едвај 46 калории а бројот на антиоксанди е неверојатно голем. Јагодите се идеални за женската популација во борбата против рак на дојка, кожа и јајници.

Спанаќ

Растителни влакна, фолати ( Б Витамин ) и антиоксиданти во огромни количини се доволни да се опише позитивното влијание на спанаќот врз Вашето здравје.

Една шолја спанаќ има само 7 калории, слободно може да се јаде во големи количини а ќе ве заштити од рак на усната шуплина, грлото, грлото на матката и гласните жици.

Ананас

Интересен облик кој содржи ниско ниво на натриум, сладникав вкус … Помага во одржување на добра телесна линија. Одличен избор за ужинка или десерт, богат со Ц витамин. Пролетта е идеално време за детоксикација на целото тело, а ананасот е вистински пролетен дар да го исчистите телото од сите токсични материи.

Цвекло

Овој зеленчук се смета за едно од најдобрите извори на фолна киселина и бетаин. Овие два нутриенти дејствуваат заедно и се мошне успешни во намалување на хомоцистеинот во крвта, кој може да предизвика оштетувања на артериите, а со тоа се зголемува и ризикот од срцевите заболувања. Исто така, голем плус на цвеклото е и тоа што содржи природни пигменти кои се познати како бетацијанини, кои на овој зеленчук му ја даваат препознатливата црвена боја и врз основа на лабараториски испитувања е докажана успешноста во борбата против канцерот.

1 килограм цвекло има само 120 калории.

Брокули

Консумирањето на брокулата носи бројни користи, првенствено за жените кои преживеале рак на дојка. Исто така овој пролетен дар на природата е важен за спречување и појава на рак на дебелото црево.

Во една порција брокули има само 30 калории, а огромен процент на растителни влакна кои помагаат во варењето на храната. Идеален во борбата против рак на кожа, рак на дојка и рак на матката.

Write A Comment