Со овие намирници не само што ќе го освежите системот за варење и крвта, вие ќе ја подобрите целокупната состојба на организмот и ќе го подобрите расположението:
Зелен лиснат зеленчук
Кога е можно јадете го сирово, а кога е потребна термичка одработка направете го тоа на пареа, или динстајте го за да ги сочувате сите хранливи состојки.
Лимон
Витаминот Ц во лимонот одлично го чисти организмот, ги исфрла сите токсини од него.
Лук
Има изразито антибактериско и антивирусно дејство. При детоксикацијата ги активира и ензимите кои ја подобруваат функцијата на црниот дроб.
Зелен чај
Силен антиоксиданс кој го чисти целиот организам.
Брокулa
Овој зелен зеленчук едноставно ги чисти сите токсини од вашето тело.
Сусам
Сусамот го намалува негативниот ефект на алкохолот и другите хемикалии кои ги внесуваме и при тоа ја отежнуваат работата на црниот дроб.
Зелка
Во црниот дроб се наоѓаат два типа на ензими за детоксификација. Зелката ги активира и двата вида.
Овошје
Сите видови на овошје кои се богати со витамин Ц, антиоксиданси, и корисни влакна се препорачани да ги внесувате. Во прв ред се кивите, анансот, малините…
